• вторник, 27 август 2024

Честитки од Спасовски за католичкиот Велигден

Честитки од Спасовски за католичкиот Велигден

Скопје, 9 април 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во објава на социјалните мрежи со желби за добро здравје, мир и благосостојба им го честита Велигден на католичките верници.

- Во мое име и во име на МВР ви го честитам Воскресението Христово - Велигден, со желби за добро здравје, мир и благосостојба. Крајот на патувањето низ страдањата Христови - победата над смртта е знак за Божјата милост кон сите нас. Со умот над земното, во цврсто заедништво, да се обединиме кон нова победа! Велигденската светлина нека го радува и заштити секој еден! Христос воскресна, напиша Спасовски на фејсбук. сх/аа/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан