Честитки од директорката на КОВЗРГ Трајковска по повод Велигден до претставниците и верниците на МПЦ - ОА, Католичката црква и Евангелската црква
- По повод празникот Воскресение Христово – Велигден, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска, упати честитки до претставниците и верниците на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Католичката црква и Евангелската црква во Република Македонија.

Скопје, 17 април 2025 (МИА) - По повод празникот Воскресение Христово – Велигден, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска, упати честитки до претставниците и верниците на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Католичката црква и Евангелската црква во Република Македонија.
-Во овој благословен и спасоносен ден, кога целиот христијански свет духовно се издигнува во славење на победата на Животот над смртта, дозволете ми од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и од мое лично име, да упатам искрени и радосни честитки по повод најголемиот празник – Воскресение Христово-Велигден. Нека воскреснатиот Бог ги исполни нашите срца со љубов, нашите души со спокој, нашите мисли со милост, а нашите денови со добри дела. Само така ќе можеме да воскликнуваме и со радост Христовото воскресение да го објавуваме. Христовото воскресение е нашата радост. Да ја покажеме радоста споделувајќи ја со најблиските, со бездомниците, со болните... Само така радоста ќе биде полна, пишува директорката Трајковска во честитката до претставниците и верниците на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и г.г. Стефан.
Таа посочува дека Христовото воскресение е победа. - Да покажеме дека сме победници над самите себе и над непријателот. Да победиме со љубов, мудрост; истрајност и молитва, со прифаќање на предодреденото за нас, со измирување со себеси и светот. Нека Христовото воскресение биде нашата светлина која во нас ќе свети и ќе не води низ темнината до следното воскресение, вели Трајковска
Во честитката до монс. д-р Киро Стојанов Трајковска упатувам срдечни честитки до него и до целото католичко свештенство и монаштво и до сите верници од Католичката црква во Република Македонија.
-Во оваа радосна празнична молитва, заедно да испратиме и порака на длабоко почитување и соработка, во духот на соживотот, меѓусебното разбирање и заедничката грижа за духовниот и човечкиот напредок на нашата заедничка татковина. Го видов гробот на Христос Живиот и славата на Воскреснатиот: Ангели сведоци, покров и платно. Воскресна Христос – надеж моја“.Пасхален тропар во католичката литургиска традиција, пишува Трајковска.
Во честитката упатена до Евангелската црква во Република Македонија, Трајковска истакнува дека на празникот Воскресение Христово-Велигден кога ја славиме победата на животот над смртта, светлината над темнината, да се обединиме заедно околу исконската вера и благословот на учењето Христово за чистата љубов кон ближните, мирољубието и правдољубието.
-Само ако имаме меѓусебна љубов можеме да растеме во вера, да го запазиме единството во Бога и да напредуваме во сите области. Исполнувањето на оваа благородна мисија претставува вистински предизвик за што се надевам и во иднина ќе бележи големи успеси. Само преку љубовта кон ближниот и правењето на добри дела можеме да одиме напред. Нека Ви е честит овој голем христијански празник и Ви посакувам деновите на Велигден да ги поминете во кругот на Вашите најблиски во радост, спокој и голема Христова љубов. домови со топлина, семејна среќа и хармонија, истакнува во честитката директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска. дма/са/
Фото:МИА архива