• недела, 28 јули 2024

Честитка по повод Илинден од Здружението на Украинци во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“

Честитка по повод Илинден од Здружението на Украинци во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“
Скопје, 2 август 2022 (МИА) - Здружението на Украинци во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ упати честитка по повод празникот Илинден. Претседателот на „„Лесја Украинка“ Олександр Урбанович упати и благодарност за организацијата за учество во фестивалот „Охридско лето 2022“ на Кијивскиот театар „Панас Саксагански„ односно претставата што се одржа во Охрид на 1 август. Како резултат на многу напори, пред се, од страна на домаќините - Дирекцијата на Фестивалот „Охридско лето“, благодарение на покровителот на фестивалот претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, како и на Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија и со помош на нашето здружение, нагласува тој, украинската театарска трупа преку неколку илјади километри и многу граници стигна за да учествува на фестивалот. - И покрај војната, Украинците, секој на свое место, си ја вршат своите работни задачи. Токму затоа, особено задоволство за нас беше учеството на Кијивскиот Академскиот регионален музички и драмски театар „Панас Саксагански“ со театарската претстава од Вилијам Шекспир „Кротењето на опаката“ во режија на Викторија Шевченко во годинашното издание на Фестивалот „Охридско лето“. Токму со прикажување на оваа комедија покрај цела трагедија на украинскиот народ, праќаме порака дека Украинците, без оглед на сé, имаат сили и храброст и да се смеат, и да се радуваат на секојдневните нешта, но и да предизвикуваат воодушевување кај другите!, наведува меѓу другото во обраќањето претседателот на „Лесја Украинка“ Олександр Урбанович, стои во соопштението од Здружението. цр/рп/    

Остани поврзан