Честитка од Тупанчески по повод Европскиот ден на правдата
- Задоцнетата правда е негирање на правдата, напиша на Фејсбук утрово министерот за правда Никола Тупанчески по повод 25 октомври-Европскиот ден на правдата.

Скопје, 25 октомври 2022 (МИА) - Задоцнетата правда е негирање на правдата, напиша на Фејсбук утрово министерот за правда Никола Тупанчески по повод 25 октомври-Европскиот ден на правдата.
-Навремен и еднаков пристап до правда за сите! Наша обврска е на сите граѓани да им обезбедиме соодветни независни и непристрасни судски и вонсудски механизми. Бесплатна правна помош за лицата кои живеат во сиромаштија! Таа е гаранција дека граѓаните кои се во тешка финансиска состојба ќе добијат правна помош од адвокат и фер судење, напиша на ФБ министерот Тупанчески. дма/са/