• среда, 27 ноември 2024

Честитка од Мицкоски до верниците кои денеска го слават Велигден

Честитка од Мицкоски до верниците кои денеска го слават Велигден
Скопје, 4 април 2021 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во негово и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од Христијанска вероисповед кои денска го слават Велигден им го честита воскресението Христово, со желби за среќа, радост и благосостојба во секој дом. - Бог не учи да го сакаме ближниот, да живееме во мир и слога и дека преку верата во него ќе ги надминеме сите предизвици. Во овие тешки мигови за човештвото, повеќе од кога било до сега ни е потребно заедништво и солидарност. Да се спротивставиме на злото и да си помагаме. Живееме тешко време, луѓето минуваат низ животни трагедии и сериозни искушенија, стои во честитката од Мицкоски.. Можеме, порачува тој, да победиме ако сме свесни за потребата од заедништво и менување на работите. да го победиме вирусот и да продолжиме нормално со животот. - Нека е за многу години Велигден! Христос воскресна! Навистина воскресна!, се вели во честитката од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. аа/са/

Остани поврзан