Честитка од министерот за јавна администрација Минчев по повод празникот Свети Климент Охридски
- СООПШТЕНИЕ - Со чествување на овој ден го славиме споменот на нашиот прв учител и заштитник, основоположникот на Охридската книжевна школа и симболот на духовното и културното наследство на нашиот народ.

Скопје, 8 декември 2024
Нека е честит големиот христијански празник, 8 Декември – Свети Климент Охридски.
Со чествување на овој ден го славиме споменот на нашиот прв учител и заштитник, основоположникот на Охридската книжевна школа и симболот на духовното и културното наследство на нашиот народ.
Нека неговото дело не инспирира за единство, мудрост и посветеност кон знаењето и доброто.
Со желба за мир, здравје и благосостојба за сите!
Горан Минчев, министер за јавна администрација
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.