Честитка од министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод празникот Свети Сава
- Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска упати честитка по повод празникот Свети Сава.
Скопје, 27 јануари 2025 (МИА) - Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска упати честитка по повод празникот Свети Сава.
-Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, дозволете ми искрено да Ви го честитам празникот Свети Сава, кој претставува еден од најзначајните празници за српската заедница. Свети Сава е симбол на мудрост, духовност и обединување, а неговото дело нè потсетува на важноста од зачувување на традициите, вредностите и културниот идентитет. Неговото наследство продолжува да инспирира генерации и да поттикнува заемна почит и разбирање меѓу заедниците, пишува Минчев во честитката.
Овој празник, додава тој, нека биде повод за сплотеност, мир и заеднички напредок, градејќи општество кое се темели на мултикултурноста и взаемното почитување. сст/
фото МИА архива