Честитка од директорката на КОВЗРГ по повод празникот Св. Климент Охридски
- Директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Оливера Трајковска упатила честитка до архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, до свештенството, монаштвото и сите православни верници по повод празникот Свети Климент Охридски, патронот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.
Скопје, 6 декември 2024 (МИА) - Директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Оливера Трајковска упатила честитка до архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, до свештенството, монаштвото и сите православни верници по повод празникот Свети Климент Охридски, патронот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.
-Додека го одбележуваме животот и делото на почитуваниот патрон на Македонската православна црква, свети Климент Охридски, да се потсетиме на неговата непоколеблива посветеност кон верата, неговата неуморна работа во ширењето на Евангелието и неговиот непроценлив придонес за македонското културно и духовно наследство. Во тивка и богоугодна молитва, упатуваме срдечна благодарност и благослов до големиот светител чија светлина продолжува да ја осветлува нашата вера, водејќи го македонскиот народ и сите православни христијани кон праведноста. На овој свечен и голем празник, да ја изразиме нашата најдлабока почит за неговото вековно присуство во нашите срца, души и заедници. Нека неговото застапништво продолжи да ја зајакнува нашата света Црква, македонскиот народ и нашата мисија кон подобро и посветло утре за секој еден граѓанин на Македонија, пишува во честитката на Трајковска. хс/лв/
Фото: МИА архива