• среда, 08 април 2026

Честитка од Гаши по повод Меѓународниот ден на Ромите: Ромската заедница е важен дел од мозаикот на нашата земја

Честитка од Гаши по повод Меѓународниот ден на Ромите: Ромската заедница е важен дел од мозаикот на нашата земја

Скопје, 8 април 2026 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница.

- Овој ден претставува важен момент на размислување и вреднување на богатата култура, посебниот идентитет и идентитетот што ромската заедница го градела низ вековите. Тоа е и постојан повик за зајакнување на нашата заедничка посветеност кон еднаквост, инклузија и целосно почитување на човековите права - вели Гаши во честитката.

Ромската заедница, потенцира тој, е важен дел од општествениот и културниот мозаик на нашата земја.

- Ја нагласувам одговорноста на институциите за создавање политики и механизми што гарантираат еднакви можности, квалитетно образование, економска вклученост и достоинствен живот за секој граѓанин, без разлика каде припаѓа. Нека овој ден послужи како поттик за продлабочување на соработката, зајакнување на разбирањето и унапредување на вредностите на почит и еднаквост во нашето општество - пишува претседателот на македонското Собрание во честитката. сст/вг/

фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан