• сабота, 23 ноември 2024

Честитка од ВМРО-Народна партија по повод 23 октомври - Ден на македонската револуционерна борба

Честитка од ВМРО-Народна партија по повод 23 октомври - Ден на македонската револуционерна борба

Скопје, 23 октомври 2024

На 23 Октомври - Денот на Македонската револуционерна борба, со особена почит се сеќаваме на патриотите и визионерите кои го отворија патот кон слободна Македонија.

Нивниот непоколеблив дух и стремеж кон слободна држава претставуваат темел врз кој е изградена нашата иднина.

Нека ни служи како потсетник нивната храброст и солидарност како клучни вредности кои што треба да ги негуваме и понатаму, заедно градејќи поубаво и поправедно општество.

Во исто време го искосристуваме овој голем ден да упатиме и апел до претседателката на С. Македонија да ги помилува и ослободи и затворените од случајот „27 април“.

Нека е честит Денот на Македонската револуционерна борба!

 

 ВМРО-Народна партија 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан