Честитка од ВМРО-ДПМНЕ до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар
- СООПШТЕНИЕ - На сите верници што празникот го слават според грегоријанскиот календар им посакуваме прославата на големиот празник на рождеството Христово, Божиќ да донесе светлина, мир и љубов во вашите срца и домови, исполнувајќи ги со радост и надеж.
Скопје, 25 декември 2024
На сите верници што празникот го слават според грегоријанскиот календар им посакуваме прославата на големиот празник на рождеството Христово, Божиќ да донесе светлина, мир и љубов во вашите срца и домови, исполнувајќи ги со радост и надеж.
Нека овој празник биде потсетник дека секој нов почеток носи нова сила, нова надеж и нова енергија.
Посакуваме во мир и спокојство со најблиските да го прославите овој голем празник и да продложиме да ја градиме нашата земја со нова сила, нова енергија и нова надеж во заедништво онака како што Македонија и сите ние заслужуваме.
Допрва доаѓаат поубави денови, исполнети со напредок, единство и благосостојба за сите нас.
На земјата мир и меѓу луѓето добра волја!
Среќен и благословен Божиќ! Христос се роди!
ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
фото ВМРО-ДПМНЕ