• сабота, 23 ноември 2024

Честитка на Зечевиќ за Водици: Новите почетоци носат и нова надеж

Честитка на Зечевиќ за Водици: Новите почетоци носат и нова надеж
Скопје, 19 јануари 2022
Генералниот секретар Миле Зечевиќ денеска присуствуваше на церемонијата на фрлање на светиот крст во Охридското езеро по повод големиот христијански празник Богојавление Водици.
Генералниот секретар Зечевиќ на верниците од православна вероисповест им го честиташе празникот со желби за добро здравје, спокој и благосостојба.
,,На сите граѓани, православни христијани им го честитам големиот празник Богојавление – Водици. Им посакувам добро здравје, пред се, спокој и благосостојба.
Симболиката на денешниот празник е духовното раѓање и верба во новите почетоци на човековото живеење.  Како новите почетоци што раѓаат нова надеж, посакувам и очекувам меѓусебно почитување и помагање, да дојдеме до помирување на секое ниво.
Да се обединиме за да продолжиме напред кон подобро, но и да го заштитиме наште достоинство, нашата самобитност, нашата иднина.
Бог се јави, за многу години Водици!" истакна Зечевиќ во честитката.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ———————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан