• петок, 30 август 2024

Честика на Миле Зечевиќ – Вардарски до верниците кои денеска го слават Велигден

Честика на Миле Зечевиќ – Вардарски до верниците кои денеска го слават Велигден
Скопје, 9 април 2023
 
Нека е честит големиот празник Воскресение Христово-Велигден, на сите верници од католичка вероисповест како и на сите граѓани кои го слават според Грегоријанскиот календар.
 
-Ви посакувам добро здравје, љубов, благосостојба и среќа. Празникот да го поминете во семејна радост, спокој и духовен мир. Со верба и добри дела да ја поттикнеме сплотеноста и солидарноста меѓу нашиот народ а со тоа да го зајакнеме целото наше општество. Нека е за многу години Велигден!, стои во честитката на генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски до верниците кои денеска го слават Велигден.
 
СДСМ - Центар за комуникации со јавност

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

 

 

Остани поврзан