Чествување на великаните Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски во КИЦ во Софија
- Во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија денеска ќе се одржи настанот „Чествување на великаните Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски“ со проф. д-р Кристина Николовска.

Скопје, 20 декември 2024 (МИА) - Во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија денеска ќе се одржи настанот „Чествување на великаните Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски“ со проф. д-р Кристина Николовска.
Како што соопштија од Македонскиот културно-информативен центар во Софија, Николовска на настанот ќе беседи за поезијата на великаните на современата македонска литература и култура.бт/са/
Фото: плакат