• понеделник, 23 декември 2024

Челзи ќе го обесштети Тухел со 17.5 милиони евра

Челзи ќе го обесштети Тухел со 17.5 милиони евра
Лондон, 7 септември 2022 (МИА) – Германскиот тренер Томас Тухел, кој доби отказ во Челзи по вчерашниот пораз од Динамо во Загреб (1-0) во рамки на првото коло во Лигата на шампиони, ќе добие обесштетување од лондонскиот клуб во износ од 17.5 милиони евра, објавија денеска британските медиуми. Весникот „Дејли мејл“ наведува дека вкупните трошоци ќе го чинат Челзи повеќе од 20 милиони евра, бидејќи со Тухел заминаа и неговите помошници. Тухел дојде во Челзи на 26 јануари 2021 година и со англискиот клуб ги освои Лигата на шампиони, Светското клупско првенство и Суперкупот на УЕФА. Германскиот стратег претходно во кариерата ги водеше ПСЖ, Борусија Дортмунд, Мајнц и вториот тим на Аугсбург. ег/јт/

Остани поврзан