Челзи стана првиот клуб кој загубил шест финалиња по ред во англиските купови
- Челзи постави анти-рекорд во Англија, губејќи вечерва од Ливерпул.

Лондон, 25 февруари 2024 (МИА) - Челзи постави анти-рекорд во Англија, губејќи вечерва од Ливерпул.
Избраниците на Маурисио Покетино беа поразени на „Вембли“ со 1:0 во финалето на англискиот Лига куп.
Лондонци станаа првите што загубија шест финалиња во низа во англиските купови.
Во 2019 година Челзи загуби во финалето на Лига купот, во 2020 и 2021 година беше поразен во средбите за трофејот во ФА купот, во 2022 година не успеаја и во Лига купот и во ФА Купот. зс/
Фото: ЕПА