• петок, 05 декември 2025

Челзи се договори со Јунајтед за трансфер на Гарначо

Челзи се договори со Јунајтед за трансфер на Гарначо

 

Лондон, 29 август 2025 (МИА) – Лондонски Челзи постигна договор со Манчестер Јунајтед да го донесе во своите редови напаѓачот Алехандро Гарначо, објави денеска новинарот Фабрицио Романо.

Се очекува договорот да биде вреден околу 40 милиони фунти, плус бонуси.

Аргентинскиот репрезентативец треба да потпише седумгодишен договор со премиерлигашот од Лондон.

Гарначо беше поврзуван со клубови од Саудиска Арабија и Баерн Минхен, но се надеваше на договор со Челзи, што конечно се случи по повеќе од еден месец преговори.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан