• вторник, 17 декември 2024

Челзи одби 30 милиони фунти за Колвил

Челзи одби 30 милиони фунти за Колвил

Лондон, 1 јуни 2023 (МИА) – Лондонскиот премиерлигаш Челзи ја одби понудата од Брајтон, кој за сума од 30 милиони фунти сакаше да го откупи договорот на дефанзивецот Леви Колвил, јавија денеска англиските медиуми.

Брајтон беше подготвен да понуди сума колку што изнесува клупскиот рекорд, но според англиските медиуми, Челзи не е подготвен да се откаже од услугите на 20-годишниот одбранбен фудбалер.

Челзи во новата сезона од клупата ќе го предводи Маурисио Покетино, а ќе има големи промени и во составот на екипата.

Медиумите наведуваат дека англискиот шампион Манчестер сити почнал разговори за трансфер на фудбалерот на Челзи, Матео Ковачиќ, додека италијански Милан е заинтересиран за играчот за врска на лондонскиот клуб Рубен Лофус – Чик.

Преодниот рок во Англија и Шкотска почнува на 14 јуни. ег/
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан