• понеделник, 23 декември 2024

Чаир и Белица во Брисел потпишаа Договор за соработка

Чаир и Белица во Брисел потпишаа Договор за соработка

Брисел, 5 мај 2023 (МИА) - Градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу денеска во Брисел потпиша Договор за соработка со бугарската општина Белица. 

-Ова е многу посебен чин за мене како градоначалник и општината што ја водам - Чаир, како и за мојот бугарски колега Радослав Ревански што потпишавме ваква соработка на местото каде што е седиштето на Европската Унија и со помош на европратеникот Илхан Ќучук, напиша градоначалникот Ганиу на Фејсбук. 

Почнуваме соработка која, како што наведе, несомнено отвора загарантирани европски перспективи за нашите две општини.

Тој му се заблагодари и на шефот на Мисијата на Северна Македонија при Европската Унија во Брисел Зулфи Исмаили за пречекот што го приреди во нашето дипломатско претставништво. мд/са/

Фото: Фејсбук на Ганиу 

Остани поврзан