• сабота, 23 ноември 2024

Чад во Штип по пожарот што избувна во Селца, Драгоево и Пиперово

Чад во Штип по пожарот што избувна во Селца, Драгоево и Пиперово

Штип, 18 јули 2024 (МИА) - Чад но и намалена видливост на улиците има во Штип по големиот пожар што избувна над штипските села Селца, Драгоево и Пиперово. Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов за вечерва околу 22 часот најави и кризен штаб за состојбите на пожарите над овие села.

Дописничката на МИА беше токму на моментот кога се разгоруваше планината над селото Селце. Огнот е одалечен на три километри од ова штипско село. Пожарникари, припадници на АРМ како и на комуналното претпријатие „Исар“, но и од една штипска фирма со натчовечки напори се обидуваа огнот да не се префрли над селата. 

Градоначалникот Јорданов заедно со неколку пожарникари во последен момент излегле од обрачот на огнот каде што ги правеле пресеците на планината за да не се префрли огнот.вдј/бт/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан