• сабота, 23 ноември 2024

Чавушоглу: Светските сили да ја натераат Ерменија да ги повлече трупите

Чавушоглу: Светските сили да ја натераат Ерменија да ги повлече трупите
Анкара, 13 октомври 2020 (МИА) - Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, денеска на прес-конеференција во Анкара, рече дека меѓународните повици за прекин на огнот меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах се „глас на разум“, но „светските сили треба да ги натераат ерменските трупи да ги повлечат своите трупи од азербејџанската територија“. На прес-конференцијата, Чавушоглу беше придружуван од шведската министерка за надворешни работи Ана Линда. - Разговорите со сите 11 членки на Минската група, формирани за решавање на конфликтот, треба да донесат резултати по ова прашање. Ја замолив мојата колешка Линда прашањето за мирот меѓу Азербејџан и Ерменија да биде на агендата на ОБСЕ, чии членови и земји се од Минската група, бидејќи Шведска наскоро ќе претседава со групата, рече Чавушоглу. паг/  

Остани поврзан