• среда, 24 јули 2024

Чави: Ни треба единство за да се бориме за трофеите во Ла Лига и Лигата на шампионите

Чави: Ни треба единство за да се бориме за трофеите во Ла Лига и Лигата на шампионите

Барселона, 1 февруари 2024 (МИА) - Тренерот на Барселона, Чави, по синоќешната победа над Осасуна (1:0) во натпреварот од 20. коло на шпанската Ла Лига, кажа што му треба на тимот да биде конкурентен во борбата за трофеите во домашното првенство и во Лигата на шампионите.

- Не се сомневам во играчите. За да се бориме за победа во шпанското првенство и Лигата на шампионите ни треба единство. Мора да станеме подобри. Интензитетот на средбата со Осасуна беше добар. Навивачите повторно беа за десетка. За да завршиме добро, ни треба единство. Сега сите сме обединети, тоа е она што го сакавме, изјави Чави по натпреварот.

Барселона со 47. место се искачи на третото место во Ла Лига. Осасуна со 26 бода е 12. во поредокот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан