• сабота, 31 август 2024

Чави за ремито со Валенсија: Ова се случува кога толку пати му простувате на противникот

Чави за ремито со Валенсија: Ова се случува кога толку пати му простувате на противникот

Валенсија, 17 декември 2023 (МИА) - Тренерот на Барселона, Чави е разочаран од исходот на синоќешниот натпреварот со Валенсија на гостински терен. 

Каталонците одиграа 1:1 во 17. коло од Ла Лига и останаа на значителна негативна од водечката двојка на табелата.

- Ова се случува во фудбалот кога толку пати му простувате на противникот. Игравме многу добро и направивме се што ни требаше за да победиме. Создадовме доволно шанси за победа. Мора да бидеме многу подобри во противничкиот шеснаесетник. Мислам дека пропуштивме два бода. Освоивме само бод, што е незадоволително. Ако има една работа на која треба да се фокусираме, тоа е ефикасноста. Не треба да им простуваме на противниците во вакви ситуации. Мора да бараме повеќе од себе. Ја држевме играта под контрола за да го доведеме резултатот на 2:0. Но, кога не вршите притисок врз вашиот противник, тоа се случува. Разочаран сум бидејќи мислам дека овој натпревар требаше да се добие. Сакам да бидам позитивен. Ќе се подобриме, изјави Чави.

Барселона има 35 бода и во моментов е трета на табелата со 35 бода. Џирона има 41 на првото место, Реал 39 на второто, двете екипи имаат натпревар помалку од Барселона. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан