Чави: Ефикасноста не е на ниво
- Тренерот на Барселона, Чави очекува подобра ефикасност на следните натпревари. Каталонците синоќа го победија Кадиз со 2:0 во 2. коло од шампионатот на Шпанија.

Барселона, 21 август 2023 (МИА) - Тренерот на Барселона, Чави очекува подобра ефикасност на следните натпревари. Каталонците синоќа го победија Кадиз со 2:0 во 2. коло од шампионатот на Шпанија.
Каталонците победија благодарение на двата гола во финишот на мечот, погодија Педри и Феран Торес.
- Требаше да постигнеме гол многу порано. Ефикасноста не е на ниво. Затоа потпишавме со Гундоган, да има одлучувачко влијание со последното додавање. Ни недостига ефикасност и трпение, изјави Чави по натпреварот.
Актуелниот шпански шампион по две кола од Ла Лига има четири бодови. зс/
Фото: ЕПА