• петок, 05 декември 2025

ЦУК: Стабилна состојба на реките по обилните врнежи, се расчистуваат мостови

ЦУК: Стабилна состојба на реките по обилните врнежи, се расчистуваат мостови

Скопје, 22 ноември 2025 (МИА) – Центарот за управување со кризи информира дека според известувањата од сите регионални центри, состојбата со водостоите на реките на територијата на Република Северна Македонија до 13 часот денеска е стабилна.

Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане нема излевање на реките, а нивото на реката Пчиња е во опаѓање. Во Крива Паланка, Ранковце и Кратово нема поплавени куќи, иако водостојот на Кратовска и Крива река е зголемен, но под контрола.

Во Охрид се регистрирани поплавени подруми и дворови во помал обем, но по престанокот на врнежите состојбата се смирува. Екипите работат на расчистување на каналите и коритата. Во Битола и Ресен нема нови излевања, реките се во своите корита, а теренските екипи продолжуваат со расчистување на мостови и пропусти.

Во Скопје, Струмица, Штип, Велес, Тетово и северозападниот регион состојбата е стабилна, без излевање на реките, а ситните одрони се отстрануваат од страна на надлежните служби.ар/лв/

Фото:МИА архива 

Остани поврзан