• понеделник, 16 декември 2024

ЦУК: Две ситуации во скопско поврзани со опасност од електрична енергија заради последици од невремето

ЦУК: Две ситуации во скопско поврзани со опасност од електрична енергија заради последици од невремето

Скопје, 1 јуни 2023 (МИА) - Во Центарот зауправување со кризи по невремето што го зафати Скопје биле пријавени две ситуации поврзани со опасност од електрична енергија.

- Во ЦУК, е добиена информација на Единствениот број за итни случаи 112 во којашто се наведува дека во с. Говрлево, месност „Брзовец“, е скинат кабел од струја и е животозагрозувачки, бидејќи виси на патот. Веднаш од страна на Регионалниот ЦУК Скопје се известени екипите на ЕВН и за кратко време истото опасниот електричен кабел се очекува да биде отстранет, информираат од ЦУК.

Покрај оваа информација во ЦУК, на бројот 112 имало пријава дека на улица „191“ во Горно Лисиче има скршена бандера од струја којашто виси над дворот од куќата и се држи единствено на каблите и постои опасност да падне.

Од страна на Регионалниот ЦУК Скопје се известени надлежните служби за остранување на опасноста. аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан