ЦУК: Два активни пожари, шест изгаснати и еден под контрола
- На територијата на државава во моментов има два активни пожари од вкупно девет регистрирани во текот на денов, откако шест биле изгаснати, а еден е ставен под контрола, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Скопје, 23 август 2024 (МИА) – На територијата на државава во моментов има два активни пожари од вкупно девет регистрирани во текот на денов, откако шест биле изгаснати, а еден е ставен под контрола, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се пожарите во селата Браилово и Десово во Општина Долнени со кои е зафатена сува трева и во село Јачинце во Општина Куманово, каде пак се опожарени сува трева и штала.
Под контрола е пожарот во Демир Хисар – Плакенска планина над село Вирово.
Изгаснати се пожарите во Аеродром, Чаир, ГОстивар, Василево, Свети Николе и Струга. ар/лв/
Фото: МИА архива