• вторник, 24 декември 2024

ЦУК: Вкупно 28 пожари на отворено во последното деноноќие, еден се уште активен

ЦУК: Вкупно 28 пожари на отворено во последното деноноќие, еден се уште активен

Скопје, 23 февруари 2024 (МИА) - Во последното деноноќие регистрирани се 28 пожари на отворено во држававта, од кои еден се уште е активен, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.

Регионалниот ЦУК Скопје известува дека вчера во 14:15 часот, на Единствениот број за итни случаи 112 била добиена пријава за пожар помеѓу селата Зелениково и Градовци  во општина Зелениково, каде горела ниска шума и ниска вегетација. БППЗ на Град Скопје не можела да интервенираат заради непристапен терен за нивните возила. Од РЦУК Скопје биле известени  ЈП „Национални шуми“ – подружница „Караџица“ Скопје, Општина Зелениково и ДЗС Скопје, се наведува во соопштението од ЦУК.

-РЦУК Скопје бележи пет, односно четири изгаснати пожари, РЦУК Охрид два, РЦУК Велес и РЦУК Штип по еден, РЦУК Битола шест, РЦУК Тетово пет, додека РЦУК  Куманово бележи осум изгаснати пожари на отворено, се наведува во соопштението. 

Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Од ЦУК информираат дека во последното деноноќие имало вкупно 1 852 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 37,74 отрсто, а 62,26 проценто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 54,65 отсто, кон итната медицинска помош 34,03 проценти, а кон пожарникарите 9,30 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.  дма/са/

Фото: МИА архива

Тагови

Остани поврзан