ЦУК: Активни пожарите кај Никуштак и селата Варвара и Драчевица, под контрола на Вардариште и близу Русиново
- До 20:00 часот, вечерва, на територијата на државата има вкупно 31 пожари на отворен простор, од кои активни се два, и исто толку се под контрола, а изгаснати се 27 пожари.
Скопје, 8 септември 2025 (МИА) - До 20:00 часот, вечерва, на територијата на државата има вкупно 31 пожари на отворен простор, од кои активни се два, и исто толку се под контрола, а изгаснати се 27 пожари.
Како то соопшти ЦУК, активни се пожарите кај село Никуштак, Липковско, каде гори нискостеблеста деградирана шума и дабова шума, и во селата Варвара и Драчевица во Општина Студеничани каде е опожарена мешана шума и ниска вегетација.
Под контрола се пожарите во Општина Берово во Дрџински рид, м.в. Стојковото, с. Русиново каде е зафатена дабова и букова шума и папрат и во Вардариште во Општина Гази Баба каде гори ѓубриште.
Изгаснати се 21 пожар во повеќе општини во државата каде горела главно ниска вегетација, во Општина Ресен на место викано Порој биле зафатени и јаболкови насади, во Општина Липково во селата Оризаре и Слупчане била опожарена мешана шума и ниска вегетација, а во Општина Старо Нагоричане с. Младо Нагоричане, маало Бузанци била зафатена од пожар кровна конструкција од плевна, наведуваат од ЦУК. вг/
Фото: МИА Архива