Црн рекорд во Шпанија: Најмногу новозаразени за еден ден
- Во последните 24 часа во Шпанија се потврдени 38.869 новозаразени лица, што е најголем дневен број на нови случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата.

Мадрид, 13 јануари 2021 (МИА) - Во последните 24 часа во Шпанија се потврдени 38.869 новозаразени лица, што е најголем дневен број на нови случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата.
Во извештајот на шпанското Министерство за здравство се наведува дека од почетокот на пандемијата, коронавирусот е потврден кај 2.176,089 лица.
Бројот на починати пациенти од Ковид-19 во последните 24 часа е 195, односно вкупно 52.878 од почетокот на пандемијата. ссм/