Црн рекорд: Во САД само годинава имало 38 престрелки со најмалку четири жртви
- Весникот „Вашингтон пост“ вчера наведе дека само годинава во САД имало 38 престрелки во кои биле убиени по најмалку четири лица, што е најголем број масовни убиства во последните една година.

Вашингтон, 5 декември 2023 (МИА) - Весникот „Вашингтон пост“ вчера наведе дека само годинава во САД имало 38 престрелки во кои биле убиени по најмалку четири лица, што е најголем број масовни убиства во последните една година.
Претходниот рекорд беше поставен минатата година кога се случија 36 масовни убиства.
Од почетокот на годината до 4 декември во масовни престрелки во САД загинаа 197 лица, не сметајќи ги напаѓачите, а 91 лице беа ранети. сд/
фото:МИА архива