• сабота, 09 ноември 2024

Црногорско Министерство за образование: Учениците да не се враќаат во училиште

Црногорско Министерство за образование: Учениците да не се враќаат во училиште
Подгорица, 24 април 2020 (МИА) - Црногорскиот министер за образование Дамир Шеховиќ порача дека ставот на Министерството е учениците да не се враќаат во училишните клупи до крајот на школската година поради актуелната епидемиолошка ситуација, но конечна одлука за тоа треба да донесе Националното координативно тело за заразни болести и Владата. Тој во интервју за „Вијести“ истакна дека таквиот став се однесува и за децата во градинките, а календарот за оваа училишна година нема да биде продолжен. Шеховиќ нагласи дека Министерството подготвило упатство за оценување, кое ќе биде испратено до сите училишта, за да можат учениците да добијат завршни оценки. Што се однесува до евентуалната екстерна матура, црногорскиот министер изјави дека таа не може да биде организирана онлајн, но се уште не знаат на кој начин ќе се спроведе. гт/

Остани поврзан