• сабота, 23 ноември 2024

Црна Гора го екстрадираше соработникот на До Квон во Јужна Кореја

Црна Гора го екстрадираше соработникот на До Квон во Јужна Кореја

Подгорица, 5 февруари 2024 (МИА) - Јужнокорејскиот државјанин Хон Чанд Џун, уапсен заедно со До Квон, „кралот на криптовалутите“, е екстрадиран во таа земја во согласност со одлуката донесена од Министерството за правда на Црна Гора, соопшти Управата на полицијата.

Тој, како што е наведено, е предаден на надлежните судски и полициски органи на Јужна Кореја, заради водење кривична постапка за повеќе кривични дела поврзани со измама во финансиски инвестициски услуги, вложувања на пазарот на капитал, што се казнува со доживотен затвор во Јужна Кореја.

Екстрадицијата на До Квон ја бараат Јужна Кореја и САД поради измама на инвеститори во криптовалути, што се мери во десетици милијарди долари.

Високиот суд на крајот на ноември ја одобри екстрадицијата, а министерот за правда Андреј Миловиќ ќе одлучи во која земја ќе биде екстрадиран До Квон.

Поранешниот „крал на криптовалутите“ и неговиот соработник Чанг Џун Хон (37) беа уапсени на 23 март 2023 година на аеродромот во Подгорица по налог издаден по нив од корејските власти на 22 септември минатата година под обвинение за измама од 40 милијарди.

При обидот да ја напуштат Црна Гора, со приватен лет за Дубаи користеле костарикански пасоши, а имале и патни исправи и лични карти од Белгија кои биле на туѓо име.

Поранешниот „крал на криптовалутите“ беше во центарот на скандалот околу наводното финансирање на Движењето Европа сега (ПЕС) и неговиот лидер Милојко Спајиќ, кој оттогаш е избран за премиер. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан