• петок, 08 ноември 2024

Црната кутија од украинскиот авион останува во Иран

Црната кутија од украинскиот авион останува во Иран
Дубаи, 19 февруари 2020 (МИА) - Црната кутија од украинскиот патнички авион што иранската противвоздушна одбрана го урна по грешка во јануари годинава, Иран нема намера да ја предаде на ниту една друга земја и покрај надворешните притисоци, соопшти официјален Техеран. Канадскиот премиер Џастин Трудо минатата недела изјави дека е „импресиониран“ од изјавата на иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф дека мора да се заврши до крај целосна и комплетна истрага за трагичната несреќа. Најголем број настрадани патници од украинскиот авион беа Канаѓани и Иранци со двојно државјанство кое Иран не го признава. - Имаме право сами да ја анализираме црната кутија и да ги контролираме сите истражни постапки, нагласи Зариф. Во меѓувреме, иранскиот министер за одбрана Амир Хатами изјави дека кутијата претрпела „сериозни оштетувања“ и дека од стручњаците од воениот комплекс е побарано да се оспособи за анализа на податоците за летот на украинскиот авион. Сите 175 патници и членови на екипажот загинаа кога противвоздушната одбрана на елитната Револуционерна гарда на Иран по грешка истрела ракета земја-воздух на тој патнички авион, претпоставувајќи дека станува збор за непријателски авион. Иранскиот министер за надворешни работи Зариф тврди дека Иран, сепак, е во контакт со други земји во врска со истрагата, особено со Украина. паг/  

Остани поврзан