• понеделник, 23 декември 2024

Црква во Фулам претворена во луксузен дом од 16 милиони евра

Црква во Фулам претворена во луксузен дом од 16 милиони евра
Лондон, 10 ноември 2020 (МИА) - Оние кои имаат 15 милиони фунти и бараат може да се вселат во лондонската населба Фулам... Станува збор за црква којашто во меѓувреме е претворена во луксузен дом. Надворешноста на црквата е обновена, а внатрешноста е променета и усогласена со современите стандарди. Сепак, останале некои оригинални детали, како што се прозорците и високите тавани. Сега е додаден и затворен базен, киносала, вежбалница... Зданието има шест ката, четири големи спални соби со бањи, гардеробер, голема трпезарија, кујна и простории за појадок и прием. Имотот има и раскошна градина. Црквата е изградена во 1841 година, а зад проектот стои архитектот Едвард Блор, познат и по Бакингемската палата. Цената засега изнесува 15 милиони фунти (малку над 16 милиони евра). си/

Остани поврзан