Црвен крст Кавадарци со делење топли оброци го одбележа утрешниот Ден на волонтерството
- Црвен крст Кавадарци со делење топли оброци, попладнево го одбележа утрешниот Ден на волонтерството. Претседателот на оваа хуманитарна организација за Кавадарци, Димитар Каракулев, говореше за значењето на волонтерството во рамките на Црвен крст и големите придобивки од волонтирањето. Притоа, потсети дека редовно обезбедуваат помош и поддршка на ранливо население, во храна и облека.
Кавадарци, 4 декември 2025 (МИА) - Црвен крст Кавадарци со делење топли оброци, попладнево го одбележа утрешниот Ден на волонтерството. Претседателот на оваа хуманитарна организација за Кавадарци, Димитар Каракулев, говореше за значењето на волонтерството во рамките на Црвен крст и големите придобивки од волонтирањето. Притоа, потсети дека редовно обезбедуваат помош и поддршка на ранливо население, во храна и облека.
- Наши волонтери секогаш, освен во нашите хумани активности, учествуваат и во хуманитарни настани организирани од други субјекти, особено од локалните самоуправи на Кавадарци и Росоман, истакна Каракулев.
Тој упати повик до сите, доколку имаат можности, да се вклучат во волонтерската работа на Црвен крст, во интерес на заедницата.
Секретарката на Општинската организација на Црвениот крст, Даниела Лазовска рече дека денешниот настан има за цел да ја истакне улогата на волонтерството. Како основна вредност на солидарност, човечност и граѓанска одговорност.
- Обезбедивме готвена храна. Во рамките на денешниот настан, таа храна, им е поделена на лица и семејства во социјален ризик, од страна на претставници на Општина Кавадарци, додаде таа. свд/бд/
Фото: МИА