• среда, 25 декември 2024

Црвенковска на средба со Спано: Ако дома сме поефикасни и поодговорни, пред Европскиот суд ќе имаме се помалку предмети

Црвенковска на средба со Спано: Ако дома сме поефикасни и поодговорни, пред Европскиот суд ќе имаме се помалку предмети
Скопје, 5 ноември 2021 Судскиот совет презема одредени постапки во правец на поажурно постапување од страна на судиите, а во контекст на членот 6 од Европската конвенција за човекови права. Сите реформи што ги правиме, сите подзаконски акти што ги носиме во Судскиот совет, кои произлегуваат од измените во Законот за судови и Законот за Судски совет, покрај другото, имаат интенција да создадат систем што ќе внимава на судењата да се спроведуваат во разумен рок, без повредување на човековите права и слободи- посочи претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска пред претседателот на Европоскиот суд за човекови права, Робер Спано, на денешниот состанок на кој присуствуваа министерот за правда и високи преставници од судството и јавното обвинителство. Во контекст на очекувањето дека се помалку случаи од Северна Македонија ќе завршуваат во Стразбур, претседателката Црвенковска ги нотираше документите преку кои судиите ќе станат поодговорни со обврска да испорачуваат брза и ефикасна правда, а со тоа да придонесат во намалување на предметите во кои ќе бидат повредени човековите права. Таа ги спомена Методологијата за квалитативно оценување на судиите и Методологијата за утврдување сложеност на предмети како суштински документи со чија имплементација ќе се постигне ефикасна работа и реално оценување на судиите. Во Законот за судови стои дека под нестручно и несовесно вршење на судиската функција се подразбира незадоволителна стручност или несовесност на судијата што влијае на квалитетот и ажурноста во работењето, и тоа: Ако е донесена одлука од страна на Европскиот суд за човекови права со која е утврдена повреда на правото на правично судење согласно со членот 6 од Европската конвенција за човекови права или е донесена одлука на Врховниот суд на Република Македонија со која е утврдена повреда на правото за судење во разумен рок, како резултат на постапување на судија. Ова значи дека ние директно ги користиме пресудите од Стразбур при оценување на судиите и со тоа даваме поттик што помалку случаи да одат во Меѓународниот суд преку поажурно постапување на судиите преку почитување на човековите права.- беше аргументот на Црвенковска пред Спано, во објаснувањето за почитување на праксата и одлуките на судот. На крајот, таа укажа дека Судскиот совет е огран кој ги почитува и ги спроведува одлуките на Европскиот суд за човекови права. Имало седум случаи во кои судот во Стразбур одлучил дека на судија или на претседател на суд, му биле повредени правата, но Судскиот совет ги повторил постапките за сите случаи и во моментов не постои неизвршена одлука на Европскиот суд од страна на Судскиот совет. Судски совет на Република Северна Македонија ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивнатасодржина, ниту за евентуалните правописнинедоследности или печатни грешки.

Остани поврзан