• сабота, 23 ноември 2024

Црвениот крст од Охрид организира Акција за собирање донации за социјално ранливи граѓани во општините Охрид и Дебрца

Црвениот крст од Охрид организира Акција за собирање донации за социјално ранливи граѓани во општините Охрид и Дебрца

Охрид, 15 април 2024 (МИА) - Во рамките на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележувањето на Неделата на солидарноста од 15 до 21 април 2024 год., под мотото „Вашиот прилог – значајна помош“ Општинската организација на Црвениот крст од Охрид организира хуманитарна собирна акција за обезбедување на помош во храна, средства за хигиена и парични средства што ќе биде наменета за најранливите категории на граѓани од Охрид и Дебрца.

Притоа се упатува апел до граѓаните, фирмите и институциите од градот да ја покажат својата солидарност и хуманост и масовно да се вклучат во акцијата преку донирање материјални добра - прехранбени производи и средства за хигиена, потоа со донирање парични средства (100 ден) со повик на телефонските броеви 070/075/077 143-400, како и на жиро сметката на Црвен крст со назнака за „Недела на солидарност“, со уплата на средства на сметката на Фондот за солидарности на Црвен крст на РСМ 300000001327966, Депонент Комерцијална банка, ДБ 4030984271620 и cо електронска уплата на средства на интернет страната на Црвениот крст.

Од донираните парични средства и собраните намирници, како што соопштуват од Црвен крст  - Охрид, ќе бидат обезбедени и подготвени хуманитарни пакети со прехрамбени поризводи и средства за хигиена кои ќе бидат дистрибуирани до крајните корисници. аб/дма/

фото/плакат

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан