Циципас ја прекина серијата од пет порази во финалето на АТП турнирите
- Грчкиот тенисер Стефанос Циципас утрово го совлада Австралиецот Алекс Де Минаура со 6:3, 6:4 во финалето на турнирот во Лос Кабос.

Лос Кабос, 6 август 2023 (МИА) - Грчкиот тенисер Стефанос Циципас утрово го совлада Австралиецот Алекс Де Минаура со 6:3, 6:4 во финалето на турнирот во Лос Кабос.
Дваесет и четиригодишниот Грк дојде до трофеј во Мексико и со тоа ја прекина серијата од пет порази во финалето на АТП турнирите.
Во претходните финалиња Циципас загуби на Мастерсот во Синсинати 2022 година, Астана 2022, Стокхолм 2022, Австралија Опен 2023 и Барселона 2023 година. зс/
Фото: ЕПА