• среда, 25 декември 2024

Цитирајќи го Буда во Улан Батор, папата Франциск повика на религиозен дијалог за борба против фундаментализмот

Цитирајќи го Буда во Улан Батор, папата Франциск повика на религиозен дијалог за борба против фундаментализмот

Улан Батор, 3 септември 2023 (МИА) - Нарекувајќи се себеси еден од „скромните наследници“ на древните школи на мудроста, папата Франциск денеска во Улан Батор ги повика сите религии да живеат во хармонија и да избегнуваат идеолошки фундаментализам кој го поттикнува насилството, објавија британските медиуми.

Папата ја пренесе својата јавна порака на меѓуверскиот состанок во монголската престолнина.

Главната мисија на посетата на Папата на Монголија е тој да се сретне со малата католичка заедница во земјата, една од најмалите во светот со 1.450 верници. Подоцна денеска треба да слави миса за нив.

Монголија се граничи со Кина и папата ја искористи посетата на Улан Батор за да испрати јасна порака до Кина, која има комплицирани односи со Ватикан, дека владата во Пекинг нема од што да се плаши од Римокатоличката црква бидејќи политиката не е на нејзината агенда.

Папата Фрациск го цитираше Буда дека „радоста на мудриот е во давањето“, истакнувајќи дека оваа порака звучела како Исус Христос: „Поблагословено е да се дава отколку да се прима“.

Тој истакна дека придава големо значење на „вселенскиот, меѓурелигискиот и културниот дијалог“. 

Тој ги осуди „тесноградоста, едностраното наметнување, фундаментализмот и идеолошките ограничувања“, велејќи дека тие го уништуваат братството, ги поттикнуваат тензиите и го поткопуваат мирот.

-Не може да има коегзистенција на религиозни верувања и насилство, на светост и угнетување на верски традиции и секташизам, рече Франциск.

Неколку од водачите, меѓу кои и рабинот и шаманот, му пренесоа на папата посебен благослов од нивните религии со желби за здравје и долг живот. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан