• вторник, 28 јануари 2025

ЦИК на Белорусија потврди дека Александар Лукашенко е реизбран за претседател

ЦИК на Белорусија потврди дека Александар Лукашенко е реизбран за претседател

Минск,27 јануари 2025 (МИА) - Централната изборна комисија (ЦИК) на Белорусија денеска потврди дека Александар Лукашенко на вчерашните избори е реизбран за претседател на земјата со речиси 87 отсто од гласовите, пренесоа американските медиуми.

Лукашенко победи убедливо со 86,82 отсто од гласовите. Останатите кандидати се далеку зад него: Сергеј Сиранков со 3,21 отсто, Олег Гајдукевич доби 2,02 отсто, Ана Канопатскаја - 1,86 отсто, а Александар Хижњак - 1,74 отсто, објави ЦИК.

Противниците на Лукашенко, од кои многумина се во затвор или во егзил поради неговата немилосрдна репресија на слободата на говорот, ги опишаа изборите како наместени, слично на претходните претседателски избори во 2020 година, кои предизвикаа неколкумесечни протести без преседан во историјата на земјата со население од девет милиони луѓе, забележуваат американските медиуми.

Во текот на следните четири години, повеќе од 65.000 луѓе беа уапсени, а илјадници беа претепани. Репресијата беше осудена од Западот, кој воведе санкции кон Белорусија.

Вчера Европската унија ги оцени изборите за нелегитимни и се закани со нови санкции, посочуваат американските медиуми. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан