• недела, 09 март 2025

Циклонот Алфред се движи кон копно, милиони Австралијци остануваат во своите домови

Циклонот Алфред се движи кон копно, милиони Австралијци остануваат во своите домови

Сиднеј, 8 март 2025 (МИА) - Тропскиот циклон Алфред преку ноќ помина во „тропска бура“ и сега се движи кон копно, поради што властите ги предупредија граѓаните на Австралија да останат во своите домови.

„Ефектите веќе се чувствуваат, а тешките часови се уште претстојат. Неговото влијание ќе биде силно и ќе се интензивира во наредните часови и денови. Ќе донесе силен ветер, обилни врнежи, поплави и опасни услови низ југоисточниот дел на Квинсленд и североисточниот Нов Јужен Велс овој викенд и во наредните денови“, изјави австралискиот премиер Ентони Албанезе на прес-конференција.

Илјадници луѓе беа евакуирани, а локалните медиуми објавија дека околу 250.000 луѓе останале без електрична енергија, бидејќи силните ветрови урнале далноводи. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан