• вторник, 24 декември 2024

ЦИВИЛ повикува на соработка од изборната администрација, почитување на Изборниот законик и добри изборни практики во вториот изборен круг во Дебар

ЦИВИЛ повикува на соработка од изборната администрација, почитување на Изборниот законик и добри изборни практики во вториот изборен круг во Дебар

Скопје, 14 ноември 2021 

Денешното гласање за локалните избори во Дебар (14 ноември 2021) ќе ги следат четири акредитирани набљудувачи на ЦИВИЛ. Организацијата апелира до избирачките одбори во оваа општина да имаат предвид дека сите набљудувачи на ЦИВИЛ, без исклучок, се мобилни.  

ИЗЈАВА 

„Изборниот мониторинг се спроведува со цел да се помогне изборниот процес да биде законит, фер и демократски. Во прв ред, интересот е насочен кон заштита на фундаменталните човекови права и правото на глас. Затоа, очекуваме добра соработка со избирачките одбори, односно со целата изборна администрација“ – порачуваат од ЦИВИЛ.  

АПЕЛ 

ЦИВИЛ апелира до изборните органи и политичките партии, учесници во изборната трка, да го почитуваат Изборниот законик и добрите изборни практики и да овозможат мирен и достоинствен изборен ден. Организацијата ги повикува граѓанките и граѓаните да гласаат слободно и достоинствено, а секоја нерегуларност да ја пријават во ЦИВИЛ.  

ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ВО МОНИТОРИНГОТ НА ЦИВИЛ 

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да пријавуваат изборни нерегуларности, притисоци и закани, корупција на Граѓанската пријава и да не подлегнуваат на дезинформации и говор на омраза. 

ПРИЈАВА НА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ 

За време на изборниот процес, на располагање е и веб страницата Слободни избори со онлајн формулар за пријава на изборни нерегуларности. 

ЦИВИЛ континуирано  ги повикува сите политички партии да се придржуваат кон Изборниот законик и добрите изборни практики. Изборниот законик има голем број слабости и не секогаш тоа што е дозволено со законот е и етички исправно. 

ИНФО 

Првиот извештај од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ во Дебар, ќе биде објавен напладне.  

Граѓанките и граѓаните од општина Дебар, денеска (14 ноември) ќе избираат меѓу актуелниот градоначалник Хекуран Дука, кандидат на ДУИ поддржан од СДСМ и коалицијата и Беким Поцеста од Алијанса за Албанците-Алтернатива поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. 

Во единствениот избирачки список во оваа општина запишани се 19.211 лица, а се гласа на 27 гласачки места. Во првиот круг правото на глас го оствариле околу 42 отсто од запишаните. 

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивнатасодржина, ниту за евентуалните правописнинедоследности или печатни грешки.

Остани поврзан