• понеделник, 23 декември 2024

Цените на нафтата повторно се зголемија

Цените на нафтата повторно се зголемија
Лондон, 2 април 2021 (МИА) – Цените на суровата нафта денеска пораснаа за над 3,0 проценти, по одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници (ОПЕК +), до јули постепено да го зголемуваат производството за нешто повеќе од два милиони барели на ден. Цената на северноморската сурова брент „Брент“ порасна за 3,38 проценти на 64,86 долари за барел, додека американскиот „WTI“ порасна за 3,87 проценти на 61,45 долари за барел во азиското тргување до 8:40 часот по средноевропско време. Групата ОПЕК + вчера постигна договор за олеснување на ограничувањата за пумпање, односно за зголемување на производството за 350.000 барели дневно во мај, за уште 350.000 барели во јуни и за околу 400.000 барели во јули. Ова значи дека ограничувањето на производството на „црното злато“, кое ОПЕК + во моментов го спроведува, од мај ќе се сведе на количина малку над 6,5 милиони барели дневно, во споредба со малку помалку од седум милиони барели во април. јт/

Тагови

Остани поврзан