• вторник, 24 декември 2024

Цените на нафтата во пораст, но ограничени поради блокадите

Цените на нафтата во пораст, но ограничени поради блокадите
Сингапур, 25 јануари 2021 (МИА) - Цените на нафтата се зголемија утрово на азискиот пазар, бидејќи ослабувањето на доларот ја неутрализираше растечката загриженост дека новите блокади, воведени во голем број земји за спречување на вирусот Ковид-19, ќе ја поткопаат побарувачката на гориво. Фјучерсите на суровата нафта „Брент“ за испорака во март пораснаа за 32 центи или 0,6 проценти на 55,73 долари за барел во тргувањето до 7:29 часот по средноевропско време, додека американската сурова нафта ВТИ за испорака во март се тргуваше за 52,62 долари за барел, 35 центи или 0,7 проценти поскапо. Ревидираните изгледи за глобалната побарувачка од Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) и обновениот страв од забавување на кинеската побарувачка поради новите видови на коронавирус ги држат цените на нафтата под притисок, велат аналитичарите на Сити банка. Кина денеска објави зголемување на новите случаи на Ковид-19, ставајќи ги под знак прашалник изгледите за обновување на побарувачката во земјата, која е најголем потрошувач на енергија во светот и главен столб на глобалната потрошувачка на „црното злато“. Во последниве недели се обезбеди одредена поддршка на цените со натамошно намалување на производството во Саудиска Арабија, најголемиот извозник на овој извор на енергија во светот. Во исто време, инвеститорите внимателно го следат продолжувањето на преговорите меѓу САД и Иран за нуклеарен договор, што може да резултира со укинување на санкциите на Вашингтон за извоз на иранска нафта, што би ја зголемило понудата. паг/  

Тагови

Остани поврзан