• вторник, 24 декември 2024

Целосно ќе се забрани легализација на дивоградби во заштитените подрачја, вели Заев

Целосно ќе се забрани легализација на дивоградби во заштитените подрачја, вели Заев
Скопје, 31 мај 2021 (МИА) - Со новите измени на Законот за легализација се воведува целосна забрана за легализација во заштитените подрачја и националните паркови. Во претходната верзија се предвидуваше да има соодветно мислење од националните паркови. За жал граѓаните немаат доволно доверба и сега таму легализација нема, изјави премиерот Зоран Заев во гостувањето на телевизија „Клан“. -Ги слушаме граѓаните кога реагираат. Реагираше и претседателот на државата за две прашања, па го врати законот. Согласно деловникот во Собранието, кога претседателот го враќа непотпишан законот тој треба да оди повторно на гласање во рок од 30 дена. Тие 30 дена не се доволни да издебатираме доволно со граѓаните, граѓанските организации, па и пратеничките групи и за да извлечеме максимум најдобро решение, рече премиерот Заев објаснувајќи ги причините за повлекувањето на законот од собраниска процедура. Тој додаде дека домовите каде што граѓаните живеат, кои им се адреса на живеење и граѓаните кои примаат социјална помош нема да платат никакви надоместоци во општината, а државата ќе ги плати геометриските елаборати со цел тие да го легализираат својот дом. -Граѓаните нека тргнат по селата и нека се запрашаат дали сите куќи имаат одобрение за градба. Општините и државата поттикнувале да се гради во село за да останат во село и многу често прогледувале низ прсти, уште од независноста, рече премиерот Заев. нд/аа/

Остани поврзан