Целосна реконструкција на улицата „Исаија Мажовски“ во Хром
- Општина Ѓорче Петров информира дека целосно се реконструира улицата „Исаија Мажовски“ во Хром.
Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) - Општина Ѓорче Петров информира дека целосно се реконструира улицата „Исаија Мажовски“ во Хром.
- Со овој зафат, една од главните артерии во Општина Ѓорче Петров ќе биде целосно сигурна и безбедна за сите возила и пешаци. Станува збор за реконструкција на коловоз од 3.000 метри квадратни што во иднина ќе значи помалку сообраќајни незгоди и подобро движење, се вели во соопштението.
Од Општина Ѓорче Петров најавуваат дека ќе продолжат да инвестираат во безбедноста и сигурноста на своите граѓани.
- Целта е да се обезбеди максимално квалитетна инфраструктура која ќе овозможи сигурно секојдневие на жителите на Ѓорче Петров. И во перидот што следува ќе бидат реализирани сериозни инфраструктурни чекори кои значително ќе ја подобрат сообраќајната мрежа во Ѓорче Петров, но и генерално проекти кои имаат за цел подобрување за условите на живот во општината, се наведува во соопштението. мд/дма/
Фото: Општина Ѓорче Петров