Целосен прекин на сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево поради сообраќајна несреќа
- Од 12:02 часот денеска сообраќајот на магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево е во целосен прекин поради случена сообраќајна несреќа во близина на село Илиово, информираат од АМСМ.
Македонска Каменица, 24 октомври 2025 (МИА) - Од 12:02 часот денеска сообраќајот на магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево е во целосен прекин поради случена сообраќајна несреќа во близина на село Илиово, информираат од АМСМ.
Во моментов екипи на Министерството за внатрешни работи и служби за итна помош се на терен и работат на расчистување на патот и утврдување на причините за несреќата.

Апелираат до сите возачи да избегнуваат движење на овој патен правец додека трае прекинот и да користат алтернативни насоки.

Повеќе информации за нормализирање на сообраќајот ќе бидат објавени дополнително. вс/мд/
Фото: МИА