• вторник, 24 декември 2024

Царовска на средба со жителите на Драчево: Гласајте за „Можеме”, нудиме перспектива за идните генерации

Царовска на средба со жителите на Драчево: Гласајте за „Можеме”, нудиме перспектива за идните генерации
Скопје, 12 јули 2020 (МИА) - Носителката на листа на пратеници во ИЕ 1 Мила Царовска, вечерва се сретна со жителите на населба Драчево и ги повика да гласаат на 15 јули и да го заокружат бројот 3.
-Нудиме нова развојна економија која носи стабилен раст, повисоки плати и шанса за сите. Гарантираме повисоки плати и подобри работни места. Воспоставуваме модел што дава нови и подобри шанси за сите. Модел што нуди стабилност за нашите деца, младите и идните генерации, рече Царовска.
Според неа државава има капацитет да направи се граѓаните да живеат подостоинствено.
-Продолжуваме со инвестирање во младите. Изминатиот период ја намаливме стапката на невработеност кај младите лица и изнесува 35,3 проценти споредено со 2016 кога беше 48,6 отсто. Ова ни дава поттик и понатаму како политичка партија да креираме мерки кои ќе придонесат за зголемување на вработувањето на младите, истакна Царовска.
Потсети дека СДСМ се грижи и за повизрасните.
-Направивме стабилизација на пензискиот систем. Пензиите ги зголемивме за 722 денари коишто влегоа во основицата и се исплаќаат секој месец. Воведовме социјална пензија којашто ја користат на 6.000 граѓани. Ги зголемивме платите, а продолжуваме да ги зголемуваме и во следниот мандат. Мнималната плата ја зголемуваме до 40 проценти, а присечната плата до 30 отсто. Минималната пензија ја зголемуваме на 10.700 денари. Со ова инвестираме во најранливите, рече Царовска. бк/
 

Остани поврзан