• понеделник, 23 декември 2024

Царовска на маалска средба во Капиштец: Ги слушаме и реализираме барањата на граѓаните

Царовска на маалска средба во Капиштец: Ги слушаме и реализираме барањата на граѓаните
Скопје, 25 јуни 2021
Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска, градоначалникот Саша Богдановиќ и претседателот на општинската организација на СДСМ Горан Герасимовски, вечерва на маалска средба во Капиштец разговараа со жителите на Општина Центар.
“Како и до сега ние сме тука дирекно од граѓаните да слушнеме што е најдоброто за вашата општина. Она што вие сметате дека е најдобро тоа и ќе се најде во програмата за локалните избори и ќе се реализира - без разлика кој ќе биде кандидат за градоначалник. Ова е одлика на транспарентното владеење на СДСМ и продолжуваме да ги слушаме и исполнуваме барањата на граѓаните и во следните 4 години”, рече Царовска.
Потпретседателката на средбата рече дека досега реализираните вредни капитални инвестиции изминатите три и пол години на локално и централно ниво од кои голем дел се и во образованието се доказ дека СДСМ работи во исклучиво во интерес на граѓаните.
- Гордост е да се живее во општината која го има најсовременото и инклузивно основни училишта во државата,  изградбата на училиштето Киро Глигоров во Капиштец која заврши во 2019 година. Инвестирано е и во нови игралишта и спортски сали. Основците од ОУ Кирил и Методиј добија нова фискултурна сала, а за дворот на ОУ Коле Неделковски е обезбедено урбано зеленило, ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ доби нова урбана опрема и детско игралиште”, рече Царовска.
Царовска рече дека Општина Центер го цени трудот на учениците со тоа што доделува стипендии на талентираните ученици од општинските основни училишта, а се работи и на проекти за енергетска ефикасност.
“Со Проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови финансирани од КФВ банка и ЕИБ, како заем од Владата на СР Германија од 20 милиони евра и грант средства од ЕУ во висина од 4,7 милиони евра во 2021 е опфатен Студентски дом К.Ј.Питу во централното градско подрачје”, рече Царовска.
“Да потсетиме и дека Владата на СДСМ на општините им стави на располагање неповратни 3 милијарди денари или 50 милиони евра. Овие пари беа наменети за покривање на заостанатите долгови и одблокирање на општинските сметки кои зад себе ги оставија градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Од сето ова јасно се гледа кој работи во интерес на граѓаните и што е најдоброто за нашата односно вашата општина”, рече Царовска.
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан